
Градежништвото е една од најстарите и најзначајните стопански гранки. Појавата и развојот на градежништвото се поврзани со развојот на општеството, културата, цивилизацијата и климатските услови. Тоа е сложена човекова дејност, комбинација од искуство, научни сознанија и технички достигнувања, а сето тоа како резултат на желбата на човекот за поубав живот.
Во судските постапки се водат многу стопански и граѓански спорови каде што како предмет на спор се јавуваат штети настанати во тек на градба или како последица на природни непогоди, спорови поврзани со изведбата на градежните активности, со квалитетот на вградени градежни материјали и друго.
Изработката на градежни вештачења или вештачења од областа на архитектурата, со поткрепување на соодветна градежна документација и примена на правила, како основните стандарди за градба, законот за градење и методи и техники на градба, стручни методи и искуства, помагаат во докажување и добивање на судската постапка.
Друштвото за вештачење Егзакта Демих Дооел Скопје располага со стручни и вешти лица, кои можат многу да помогнат во одредување и утврдување на фактичката состојба на предметниот спор.